Додик: Не ја признавам одлуката, останувам претседател на Република Српска

Милорад Додик, на кого вчера Апелациониот совет на Судот на БиХ официјално му го одзеде претседателскиот мандат, денеска на социјалната мрежа X објави дека нема да ја почитува таа одлука и дека ќе остане на функцијата.

​„Нема да ја почитувам. Ќе ја почитувам волјата на српскиот народ. Јас сум претседател на Република Српска, а вие пишувајте што сакате. Јас сум избран од народот, нема да бидам заменет од странска влада“, напиша Додик.

​Тој додаде дека институциите што ја донеле одлуката за негово разрешување не ги почитувале ниту Уставот на Босна и Херцеговина, ниту Уставот на Република Српска.