Приведени 16 лица за демолирање на простории на СНС

Полицијата во Белград приведе 16 лица по синоќешните антивладини протести што се одржаа во повеќе градови низ Србија. Според српското Министерство за внатрешни работи, уапсените се товарат за демолирање и палење на простории на владејачката Српска напредна партија (СНС) во Белград.

​Протестите се одржаа под слоганот „Каде застанавме“, а учесниците се собираа на повеќе локации во главниот град. Иако атмосферата беше помирна во споредба со претходните денови, министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека имало 2.300 до 2.400 „блокадери“ кои го нарушиле јавниот ред и мир.

​Дачиќ првично соопшти дека се приведени пет демонстранти, нагласувајќи дека тие покажале агресивност и намера да предизвикаат нереди.

​За денеска е закажана седница на Советот за национална безбедност, со која ќе претседава претседателот на Србија, Александар Вучиќ.