Полицијата во кичевското село Зајас вчера вечер, околу 23:10 часот, приведе две лица, Ф.З. (81) и Ш.З. (50), откако кај нив беа пронајдени оружје и муниција.
Постапувајќи по пријава за семејно насилство, односно дека Ш.З. ѝ се заканувал на својата сопруга, полициски службеници извршиле претрес во нивниот дом.
Кај Ш.З. биле пронајдени куршуми и пластичен пиштол.
Кај Ф.З. биле пронајдени и одземени пиштол и 38 куршуми од различен калибар.
Двете лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено поседување оружје и муниција, според член 396 од Кривичниот законик.