Вистината за „Казандол“: ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата, СДСМ го затвори рудникот

По денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ реагира со цел да се разјаснат фактите и да се претстави вистината за случајот со рудникот „Казандол“.

​Власта на ВМРО-ДПМНЕ не само што е неактивна туку и се обидува да си присвои заслуги за процес кој е завршен исклучиво благодарение на одлучноста на СДСМ и граѓаните.

​Еве ги фактите кои ВМРО-ДПМНЕ денеска се обиде да ги премолчи:

​Факт 1: ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата. На 27 февруари 2015 година, токму Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја додели концесијата за рудникот „Казандол“ на компанијата „Сардич“. Оваа одлука беше причина за масовното незадоволство и револтот на граѓаните.

​Факт 2: СДСМ беше на страната на граѓаните. За разлика од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги блокираа референдумите, СДСМ застана на страната на граѓаните. По масовните протести во Валандово, Богданци и Дојран, кои јасно ја изразија волјата на народот, Владата на СДСМ и Зоран Заев го раскинаа договорот за рудникот „Казандол“ во март 2018 година.

​Факт 3: СДСМ го заврши процесот. По раскинувањето на договорот, веднаш започна постапката за арбитража, која е целосно спроведена и успешно завршена од Владата на СДСМ, а одлуката пристигна сега.

​Доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да зборува за „Казандол“, прво треба да им објасни на граѓаните зошто нивната партија во 2015 година ја даде концесијата и зошто ги игнорираше протестите на локалното население.

​Благодарение на граѓанскиот отпор и одлуките на владата на СДСМ, овој рудник не постои.