Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека започнала целосна реконструкција на тоалетите во основното училиште „Гоце Делчев“. Како што изјави Герасимовски, проектот се реализира по повеќе од 10 години, со цел да се обезбедат современи и хигиенски услови за учениците.
Градоначалникот истакна дека грижата за младите и образованието се негов врвен приоритет и дека работат со забрзано темпо за да ги завршат работите пред почетокот на новата учебна година.