Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, упати честитки до македонската фудбалска репрезентација до 16 години за двете убедливи победи против Црна Гора.
Во својата објава, Омерагиќ истакна дека младите фудбалери покажале храброст и победнички менталитет, што, според него, е показател за добра иднина на македонскиот фудбал.
Тој нагласи дека најважно е сите заедно да продолжат да работат и да градат резултати чекор по чекор, без преголема еуфорија, бидејќи фудбалот носи и победи и порази.
Фото: ФФМ