Немања Матиќ потпиша за Сасуоло

Српскиот искусен играч за врска, Немања Матиќ, е нов член на италијанскиот клуб Сасуоло. Според новинарот Фабрицио Романо, 37-годишниот фудбалер потпишал едногодишен договор со опција за продолжување на соработката до јуни 2027 година.

​Матиќ неодамна спогодбено се раздели со францускиот Лион, а во Сасуоло се сели како слободен играч.

​За време на својата богата кариера, тој играше за големи клубови како Челси, Бенфика, Манчестер Јунајтед и Рома.

​Има македонско потекло по мајчина страна, а неговиот брат Урош Матиќ изрази желба да игра за македонската репрезентација.