Уличниот фестивал „Баскерфест“ се враќа со своето јубилејно 15-то издание по неколкугодишна пауза. Под мотото „Побарај ја забавата“, фестивалот ќе започне во понеделник, 25 август, од населбата Расадник во Општина Кисела Вода.
Организаторот Пане Темов на денешната прес-конференција истакна дека до 6 септември, над 20 интернационални уметници од различни земји, од Полска до Чиле, ќе настапуваат на 13 локации во девет градови низ земјата.
Распоред на настаните
„Баскерфест“ ќе ги посети следниве градови и локации:
Понеделник (25.08): Кисела Вода, Скопје (Расадник)
Вторник: Велес (амфитеатар)
Среда: Кавадарци (плоштад)
Четврток: Прилеп (плоштад)
Петок: Битола (пред фонтана Магнолија)
Сабота (30.08): Охрид (плоштад)
Недела (31.08): Тетово
1-4 септември: Скопје (Бутел, Аеродром, Автокоманда во Гази Баба и паркот во Ѓорче Петров)
Петок (05.09): Куманово (плоштад)
Сабота (06.09): Гевгелија (плоштад)
Интернационални и домашни артисти
Публиката ќе има можност да ужива во настапите на:
Plucie Ogniem од Полска (огнен спектакл)
Hiram Meza од Чиле (театарско-циркуски перформанс)
Mr. Mostacho (комедија на уницикл)
Edu Boneco од Бразил (шоу со кукли)
Sean Rooney од Канада (балон-уметност)
Кристијан Бенито од Македонија (домашен уличен артист)
The Beat Killers Academy од Албанија (танц и перформанс)
Живи статуи од Србија
Настапите ќе бидат збогатени со музички перформанси на DJ MartiAn. Бразилскиот артист Еду Бонеко изрази голема возбуда што ќе настапува пред македонската публика.