Албанија и Норвешка се европски лидери во производство на обновлива енергија

Албанија е европски шампион во производство на обновлива енергија, со 99,3%, веднаш пред Норвешка со 99,1%, објави албанската владина Агенција за медиуми и информации (МИА).

​Според Агенцијата, овие бројки се важен показател во време на глобални енергетски предизвици. Додека Албанија и Норвешка се приближуваат до 100% производство од обновливи извори, просекот на Европската Унија изнесува 42%.

​На листата по Албанија и Норвешка следат:

​Данска со 88,6%

​Луксембург со 87,4%

​Португалија со 78,6%