Дали Моника Селеш ќе биде тренер на Новак Ѓоковиќ?

Во пресрет на почетокот на УС Опен, тениската јавност е разбранувана од веста дека Моника Селеш, една од најдобрите тенисерки на сите времиња, е можна идна тренерка на Новак Ѓоковиќ.

​На прашањето на прес-конференција, Ѓоковиќ не го потврди, но ниту го демантираше пишувањето, оставајќи простор за шпекулации.

​„Како да ми ги читате мислите… Не можам да кажам ништо повеќе. Зборував за такво нешто, ајде да видиме. Ќе бидете информирани. Ова се некои почетни разговори, повеќе е на емотивна страна, отколку што сакам нешто толку долгорочно. Повеќе е нешто што би ми значело многу“, изјави Ѓоковиќ.

​Тој додаде дека е очигледно за кого станува збор, но не сака да го каже името на глас за да не ја објави веста прерано. Селеш, која е родена во Нови Сад, но живее во САД, беше една од најдоминантните тенисерки во нејзино време.