Украинскиот претседател Зеленски го одликува градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му додели орден за заслуги на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Оваа одлука беше објавена по повод Денот на независноста на Украина, а Јанчев се најде на листата на околу 100 одликувани личности.

​Наградата му се доделува за неговиот значаен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, добротворната дејност и за популаризацијата на украинската држава во светот.