Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, најави дека по 17 години, Законот за возила конечно ќе почне правилно да се применува. Од 1 септември 2025 година, стапуваат во сила измените во постапките за одобрување на возилата.
Новите промени предвидуваат забрзување и поедноставување на процесот за одобрување типови возила. Со ова, македонските компании ќе заштедат околу 1,3 милиони евра, бидејќи целиот процес ќе се регулира преку домашни овластени застапници.
Според Божиновска, ова воспоставува доверба меѓу институциите, застапниците и граѓаните, а законот ќе се применува според европските стандарди, со што се создава „фер, транспарентен и европски систем“.