Ѓорѓиевски се сретна со таксистите, вети решавање на проблемите со дивите таксисти и уредени такси паркиралишта

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со претставници на Асоцијацијата на авто-такси превозници. На состанокот се разговараше за предизвиците во оваа професија, а Ѓорѓиевски најави дека предложените решенија ќе станат дел од неговата програма.

​Најважните барања што ги истакнаа таксистите се:

​Воспоставување уредени и унифицирани такси-стојалишта.

​Справување со проблемот со дивите таксисти.

​Создавање фер услови за работа за сите регистрирани превозници.

​По средбата, Ѓорѓиевски изјави дека, доколку победи на локалните избори, такси-возачите ќе добијат вистински партнер во институциите.

​„Нашата цел е Скопје да стане град каде секој граѓанин и секој возач ќе се чувствува ценето, безбедно и рамноправно“, рече Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека со соработка и практични мерки може значително да се подобрат условите за работа на таксистите и квалитетот на услугата за граѓаните на Скопје.