Познати цените на билетите за натпреварот Белгија – Македонија

Иако македонската фудбалска репрезентација прво ќе игра против Саудиска Арабија во Прага и против Лихтенштајн во Скопје, белгиската фудбалска федерација веќе објави детали за натпреварот што ќе се одигра на 10 октомври во Гент.

​Натпреварот од Мундијалските квалификации меѓу Белгија и Македонија ќе може да се гледа за 25 евра за возрасни, додека билетот за деца до 12 години ќе чини 21 евро.

​Новитет е што Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) обезбеди можност за македонските навивачи да купат билети преку платформата Етикетс.