Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека денеска ќе има два планирани прекини на електричната енергија поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
- Во општина Центар, без струја од 08:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците на бул. „Партизански одреди“ бр. 15, односно станбените објекти околу „Луна бизнис центар“.
- Во општина Карпош, прекин на струјата ќе има од 11:00 до 15:00 часот, а ќе бидат погодени корисниците од дел од ул. „Козле крак – 22“.