Општина Центар со подготовки за новата учебна година: Бесплатни униформи за сите ученици

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа работен состанок со директорите на основните училишта за да ги разгледа финалните подготовки за новата учебна година.

​Герасимовски најави дека оваа година, за прв пат, Општина Центар ќе обезбеди бесплатни униформи за сите ученици во општинските основни училишта. Носењето на униформите ќе биде задолжително.

​Дополнително, трета година по ред, сите првачиња ќе добијат бесплатни ранци и училишен прибор.

​Безбедни и хигиенски услови

​Во сите училишта се врши темелно чистење, а во следните денови ќе се спроведе и задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Целта е да се обезбедат безбедни и хигиенски услови за учениците и наставниот кадар.

​„Вложуваме во образованието, вложуваме во нашата иднина. Сакаме да им овозможиме на децата еднакви услови за учење и да покажеме дека образованието е еден од нашите највисоки приоритети“, истакна Герасимовски.