Вчера, околу 19:00 часот, на граничниот премин Табановце, полициски службеници приведоа двајца странски државјани, О.Ј. (32) од Унгарија и А.Б. (37) од Србија.
При контрола на возило „тојота“ со унгарски регистерски таблички, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, шише со иста материја и 31 капсула. Кај сопатникот А.Б. биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста материја и таблети.
Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.