Османи: Националистичките изјави на Мицкоски ги загрижуваат Македонците во Чаир

​Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, денеска изјави дека националистичките изјави на премиерот Христијан Мицкоски создаваат страв и загриженост кај граѓаните, особено кај Македонците кои живеат во Чаир.

​Според Османи, Македонците во општината му се пожалиле дека се плашат од можен одговор на навредите на премиерот, кој наводно ги понижува Албанците.

​„Кога слушаат како премиерот секој ден ги навредува нивните сограѓани и им порачува дека ќе ги „влечеме за уши“ или дека „не ја сакаат државата“, тие стравуваат каков ќе биде одговорот кон нив“, рече Османи.

​Тој нагласи дека најважен е соживотот во Чаир и дека националистичките пароли служат само за политички поени. Османи тврди дека и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се лутат на премиерот поради неговите изјави, бидејќи им е најважен соживотот и почитувањето на сограѓаните Албанци.