Метропола во распаѓање: Скопје како Зимбабве за 3000 евра квадрат

Ова е влезот пред мојата зграда, на булевар Србија веднаш кај крстот.
Да не можеш да си дојдеш дома од глутница кучиња!

Пред само неколку месеци, го искасапија татко ми во Ѓорче.
Од друга страна гледам Стефан Лазаров имаше некоја еко акција, толку прљав град.
Неисчистено со години! Да ти се згади и градот и животот.
Значи неисчистено, небезбедно!

Автобусите ги нема, а тие што ги има ќе се запалат и ќе се случи нова трагедија.
Улици без улични светла.
Неасфалтирани улици во 21 век!
Дивоградби насекаде.
Трки со мотори по најголемите булевари, полициски патроли само во казина може да се видат.
И се мислам, веќе не е ни важно дали ќе биде Орце, Шукова или не знам кој. Кој сака нека биде! Носете се сите каде што не треба.

Дајте бре усул малку!
3000 евра е квадрат!
За да живееаме како во Зимбабве. Метропола и уште давате отчет?
Па слепи ли сме ние?
За што отчет?!
Нула реализација имате од програмата, само не однесовте назад, и немојте со приказните Данела и сл. Таа Данела ја донесовте вие со се трубачите! Тримери издаваат, и фарбаат веќе постоечки клупи.

Нашите деца заслужуваат нормален превоз до училиште, здрава и чиста околина!

Не да ги труете за вашите проклети пари!!

Сигурна сум дека луѓето се освестени, гледаат слушаат, приказни да продавате не можете веќе.

На народ гладен, кој едвај врзува крај со крај и плаќа огромни даноци на оваа проклета држава приказни како нешто ќе направите, и ќе го вратите името, овој пат нема да ви поминат. Зошто пеејки заветна нема да купат прибор за децата во училиште, ова веќе е борба за гол живот.

Да речам срамете се, срам немате. Да речам вразумете се, стравувам дека е доцна многу доцна. Не ни ја навредувајте интелигенцијата со вашиот отчет, барем тоа.

П.С
Ги жалам и кучињава што живеат во овој град.

 

Пишува: Драгана Костиќ