ДУИ: Владата работи против Охридскиот договор и европската иднина на државата

Партијата ДУИ излезе со соопштение во кое ја обвинува актуелната влада дека е најнастроена против Охридскиот договор, евроинтеграциите и е рамнодушна кон влијанието на „српскиот свет“.

​Според ДУИ, јавните ставови на претставниците на Владата против Охридскиот договор се претвориле во пракса.

​Партијата тврди дека Владата има агенда за систематски напад врз Охридскиот договор, што се манифестира преку неколку потези:

  • ​ДУИ го смета ова за „еден од клучните столбови на уставниот поредок“.
  • ​Се тврди дека со тоа се загрозува принципот на правична застапеност.
  • Како пример се наведуваат над 100 институции кои зборуваат само на еден јазик, и покрај постоењето на Законот за употреба на јазиците.
  • ​ДУИ обвинува дека со ова се нарушува реалната застапеност на Албанците во локалните власти.

​Во соопштението се додава дека сето ова е можно бидејќи владејачката партија пронашла „неколку Албанци кои за една функција се подготвени да се откажат од сè што има вредност за мултиетничката и унитарна држава“.

​ДУИ најави дека народот ќе го даде својот одговор на референдумот на 19 октомври.