Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на голема количина на препарати за заштита на растенија, откриени во патничко возило „Мерцедес“ со македонски регистарски таблички.
На 26.08.2025 година, при редовна контрола, во возилото биле пронајдени:
- 300 шишиња инсектицид CORAGEN 20 SC
- 22 шишиња фунгицид Bellis BASF
Вкупната вредност на запленетите препарати изнесува 16.058 евра.
Стоката била скриена на неколку места во возилото: во багажниот простор, зад куферите, во просторот за резервна гума и на задните седишта. Возачот, кој патувал со своето семејство, не поседувал соодветна дозвола за увоз на овие хемиски препарати.
Стоката и возилото се одземени, а против возачот ќе биде поведена кривична постапка. Случајот е предаден на Одделението за истраги за понатамошно постапување.