Професорката Јованов му одговори на  Лефков: Пијанициве од дпмне не разликуваат предавач од лектор

Професорката Тамара Јованов реагираше на обвинувањата на пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја обвини дека ја фалсификувала својата биографија и зела пари од програмата „Еразмус+“ за настан во Грција на кој, според Лефков, била само учесник, а не и лектор.

​Во објава на социјалните мрежи, Јованов алудира на тоа дека Лефков не прави разлика меѓу термините „предавач“ (lecturer) и „лектор“ (proofreader).

​„Пијанициве од дпмне не разликуваат предавач од лектор на англиски, а замисли да им кажеш дека си предавал на работилница пријавен доброволно беспари!?“, напиша Јованов.

​Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ намерно шири дезинформации и порача дека ова е само почеток на нивните проблеми, алудирајќи на влијанието на нејзината партија „Левица“.

​Лефков, пак, на прес-конференција, праша зошто професорката имала потреба да лаже во својата биографија и дали намерно се претставила како лектор за да земе повеќе пари.