Додик: Уличните демонстрации во Србија ја уништија можноста Белград да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Белград ја изгубил можноста да биде „главен град на преговорите“ за мир во Украина поради уличните демонстрации.

​Тој тврди дека постоеле сериозни разговори Белград да биде една од дестинациите за средба на светските лидери на глобално ниво.

​„Како ќе дојдат светските лидери во Белград кога не знаете која улица е блокирана? Па, тоа е она што го добивме“, рече Додик.

​Тој ја критикуваше ситуацијата во Србија, нагласувајќи дека наместо да има силен претседател, како Александар Вучиќ, земјата сега е означена со „улични демонстрации и ништо повеќе“.

​„И што добиваме? Србија што го носи знакот на улични демонстрации и ништо повеќе. Зошто ни го правите ова“, праша Додик, алудирајќи на политичките противници на Вучиќ.