Историски најголем оперативен план за вработување

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, објави дека Владата усвоила оперативен план за вработување во вредност од околу 2,5 милијарди денари или околу 40 милиони евра.

​Ова е, како што нагласи, историски најголем финансиски оперативен план, за 7 милиони евра поголем од претходниот.

​Главната цел на планот е да се овозможи вработување на невработени лица, со посебен фокус на младите до 29 години. Ристески додаде дека ова е одговор на, како што вели, „грешните политики“ на претходната влада, кои придонесоа за заминување на работоспособните и младите луѓе од државата.