Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на „Левица“, Амар Мециновиќ, упати повик до сите граѓани, активисти и експерти да се приклучат на неговата кампања за промени во градот.
Мециновиќ ги повика оние што се „преку глава“ од моменталната состојба, како и експертите и активистите кои знаат дека „може и мора подобро“.
„Затоа ве повикувам – приклучете се со вашето знаење, енергија и идеи! Оваа борба е наша, заедничка – борба за град кој ќе нѐ обедини, наместо да нѐ исцрпува“, напиша тој во својата објава.
Мециновиќ ги повика заинтересираните да се јават преку порака на социјалните мрежи или на електронската пошта, за заедно да го „обликуваат градот“.