Се предупредуваат возачите на патиштата од Солун кон граничниот премин Евзони да бидат внимателни поради нова измама, пишува Никола Маџаревски на Фб.
Се забележани случаи каде што маж и жена, покрај скапа кола, бараат помош од возачи со македонски или српски регистрации. При запирање, од возилото излетуваат уште двајца мажи.
Ова е сличен метод како измамите со „наместени“ сообраќајни несреќи.
Случајот е забележан денеска, на 29.08. по 18:00 часот, по наплатната рампа над Солун, кон Македонија, и по исклучувањето кон Евзони.