Наум Петрески: Мојот револт за време на ковид не беше поради пари, туку поради неправда

​Изведувачот на народни песни, Наум Петрески, објасни зошто реагирал за време на ковид-кризата, демантирајќи ги тврдењата дека се жалел поради недостаток на пари.

​„Мојот револт не беше од финансиски причини туку поради начинот на распределба на средствата субвенции од владата на СДСМ кои одеа во погрешни раце кај нивни членови, музичари, па музиканти од 6-то ниво кои никогаш не направиле нешто во музиката или за државата, па дури и кај келнери“, напиша Петрески.

​Тој тврди дека по неговата реакција, тогашната влада му испратила 40.000 денари, кои тој ги донирал во манастирот „Света Пречиста“ во Кичево за набавка на детергенти.

​Петрески истакна дека му е драго што „злобниците“ си го покажале вистинското лице и му помогнале да сфати дека не треба да им помага на секого. На крајот, тој упати поздрав до добрите луѓе, а на злобните им посака „вечен пекол“.