ОДА ЗА СИНОТ

Кога срцето ти трепери во моите гради, а јас сум осуден да гледам од далечина

Секој твој поглед е молња што ме гори, секое твое отсутство – бездна што ме голта.

Твоето име е врежано во мојата кожа,

Твојата насмевка е сонце што никогаш не заоѓа.

Иако светот ми ги врзува рацете,

мојата љубов е остар крик во мракот –

секаде ќе те најде,

секогаш ќе те брани.

Кога ќе паднеш, ќе бидам ветер што те крева,

Кога ќе плачеш, ќе бидам река што ја носи твојата тага,

Кога ќе се изгубиш, ќе бидам ѕвезда што патот ти го покажува.

Не се плаши, синко мој.

Јас сум со тебе и во сонот и во јавето.

И кога сенките ќе ме обвиткаат,

светлината во мојата душа ќе свети само за тебе.

Не се плаши.

Не се плаши.

Никогаш не се плаши –

затоа што љубовта на татко ти е посилна од сите ѕидови.

 

Андреј Минчевски