Музичката група „Модус бенд“ го претстави својот нов летен хит со наслов „Џабе бараш утеха“, за кој е снимен и видеоспот. Во песната доминира извонредниот вокал на прилепчанецот Гоце Бошкоски – Чоки.
Видеото е снимено на прекрасната плажа во Крани, покрај Преспанското Езеро, и во „Бар Сончев брег“, што на проектот му дава дополнителна свежина и летен шарм.
Музиката е дело на самиот бенд, додека аранжманот е изработен во соработка со Славко Ристески. Текстот го напиша Огнен Неделковски, а за видеото се погрижи Виктор Апостолоски. Во проектот учествуваа и пратечкиот вокал Софија Стојановска и Мартина Станчева, која се појавува во спотот.