Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, јавно го повика својот противкандидат Бујар Османи да ја разјасни информацијата дека најмалку двапати бил на директни посети со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Информацијата беше објавена во соопштение на партијата „Вреди“.
Меџити изјави дека ќе почека Османи да одговори на прашањето, а потоа тој ќе ги открие деталите за тоа кога и како се случиле овие посети.
„Ќе поставам прашање, дали е вистина дека најмалку двапати бил во директна посета со Груевски, ќе почекам да видам како ќе одговори, па потоа ќе му кажеме кога било и како било“, изјави Меџити пред медиумите.
Ова прашање го става Османи под јавен притисок да ја објасни својата врска со поранешниот премиер, што може да влијае на текот на изборната кампања во Општина Чаир.