Полициски службеници од полициската станица во Стење денеска спасија две лица од Преспанското езеро, откако во Центарот за управување со кризи Битола беше пријавено дека лице во чамец бара помош.
Инцидентот се случил во 14:33 часот, во езерото помеѓу селата Стење и Коњско.
Безбедно се извадени Ф.И. (27) и С.С. (75), двајцата од Битола, кои се во добра здравствена состојба.