Магична вечер за Мартин Томовски: Со 20 одбрани го однесе Битигхајм до победа!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше блескав почеток на новата сезона во втората Бундеслига, забележувајќи неверојатни 20 одбрани на гостувањето кај Елфлоренц. Со оваа фантастична партија, тој беше најзаслужен за победата на неговиот Битигхајм со резултат 24-28.

​Иако мечот беше неизвесен, Томовски се истакна во клучните моменти, одбранувајќи дури три пенали, со што ја обезбеди победата за својот тим.

​Блескавите настапи на Томовски не се само на овој натпревар, туку тој доминираше и за време на подготовките. Неговата одлична форма го прави еден од клучните адути на Битигхајм во битката за враќање во ракометната елита на Германија.