Европската Унија ѝ ги исплати средствата од првата транша на Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Според соопштението на Министерството за европски прашања, земјата добила вкупно околу 8 милиони евра, од кои дел се неповратна помош, а дел се заем.
Конкретно, исплатени се:
- 2,3 милиони евра како неповратна помош.
- 2 милиони евра како заем, достапен преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.
- 3,7 милиони евра како преостанат дел од заемот за директна буџетска поддршка.
Овие средства се доделени врз основа на исполнувањето на дел од реформите предвидени во Реформската агенда 2024-2027.
Барањето за исплата, поднесено од министерот за европски прашања Орхан Муртезани, опфати реформи во неколку клучни области: јавни финансии, енергетика, деловна средина и владеење на правото.
Европската комисија оцени дека целосно се исполнети два чекори:
- Донесувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола.
- Измените на Законот за трговски друштва.
Ова исполнување претставува 40 отсто реализација на планираните реформи, односно 50 отсто од средствата. За останатите чекори, Македонија доби „грејс период“ до декември 2026 година за да ги реализира и да ги добие преостанатите средства од вкупно алоцираните 17,1 милиони евра.