Актуелниот македонски фудбалски шампион, Шкендија, денес го претстави искусниот дефанзивец Егзон Белица како свое најново засилување. Триесет и четиригодишниот фудбалер, кој доаѓа од редовите на Работнички, ќе биде важен дел од тимот на тренерот Јетон Беќири, особено во пресрет на настапот во групната фаза од Лигата на конференциите.
Белица е добро познато име во македонскиот фудбал, со долгогодишно искуство во ПМФЛ, но и со меѓународни настапи во Косово, Албанија, Финска и Романија. Неговото искуство се очекува да биде од голема помош за тетовци во предизвиците што ги очекуваат оваа сезона, како во европските натпреварувања, така и во домашниот шампионат.