Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина приреди големо изненадување на Европското првенство, совладувајќи ја фаворизираната Грција со 80:77. Ова беше прв пораз за Грците на шампионатот, додека за БиХ ова беше втора победа.
Грција, која настапи без својата најголема ѕвезда Јанис Адетокумбо (поради повреда на коленото), одлично го започна натпреварот, но БиХ успеа да направи пресврт и да ја однесе победата во драматичен финиш.
Израел подобар од Белгија
Во вториот натпревар од групата Ц, селекцијата на Израел ја совлада Белгија со резултат 92:89.