По речиси двегодишна пауза, популарното дуо Дац и Александар се вратија на музичката сцена со новата песна „4 страни“. Композицијата, која е уште една љубовна приказна во нивниот препознатлив романтичен и боемски стил, од денес е достапна на сите радио станици и дигитални платформи.
Авторот Александар Митевски откри дека за реализацијата на песната е вклучена голема екипа музичари, меѓу кои и нивните соработници Ташко Грујовски, трубачите од „Брастес Скопје“ и Трајче од „Бузуки Бенд“.
Истовремено со промоцијата на песната, на YouTube беше премиерно објавено и видеото за „4 страни“. Во него, Дац и Александар го споија своето искуство со свежата младешка енергија, а главните улоги им ги доделија на младите таленти Клара Кокев и Давид, познат како Јанг Дади.