Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, вчера се сретна со претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и судијката Ана Павловска Данева.
На средбата, одржана во Уставниот суд, беше изразено задоволство од досегашната соработка и континуираниот дијалог. Членовите на Венецијанската комисија пројавиле посебен интерес за одлуката на Судот (У.бр. 90/2024), со која беа укинати делови од закони и подзаконски акти поврзани со поимот „припадност на заедниците“, вклучувајќи и делови од „Балансерот“.
Двете страни ја изразиле својата подготвеност за продолжување на конструктивната соработка и дијалогот и во наредниот период.