52-годишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала при влегување во лифт во зградата на Македонската радио телевизија (МРТВ).
Инцидентот се случил на 3 септември, околу 11:20 часот. Повредената, идентификувана како Е.Т. (52) од Скопје, веднаш била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
За случајот е известен и трудов инспектор, кој треба да ги утврди сите околности околу несреќата. Министерството за внатрешни работи го потврди случајот, информирајќи дека пријавата ја добиле од болницата.