И покрај тоа што европскиот фудбалски преоден рок заврши, во Саудиска Арабија тој сѐ уште е активен. Клубовите Ал Хилал и Ал Наср се обидоа да направат уште еден мегатрансфер, овој пат на напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски.
Сепак, за разлика од други фудбалски ѕвезди, Левандовски ја одби оваа богата понуда, одлучувајќи да остане во Барселона.
Според „Мундо Депортиво“, Саудијците му понудиле на Полјакот 100 милиони евра, плус бонуси, за само една година од договорот. Левандовски е решен со Барселона да ја освои Лигата на шампионите и да ја одбрани титулата во Шпанија.
Влијателниот менаџер на Левандовски, Пини Захави, ги охрабрил саудиските клубови да се обидат повторно во јануари или следното лето. Договорот на Левандовски со Барселона е до јуни 2026 година, со можност за продолжување до 2027 година.