Приведен навивач за агресивно однесување, пријава и за организаторот на ракометен натпревар

Полицијата вчеравечер во Кавадарци го приведе А.Р. (24) од Битола поради агресивно и недолично однесување за време на ракометен натпревар меѓу РК Вардар и РК-Еурофарм Пелистер. Инцидентот се случил во спортската сала „Јасмин“, кога навивачот се однесувал агресивно кон играчите на РК Вардар.

​Против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, а полицијата работи на идентификација на уште еден навивач од Битола, кој по завршувањето на натпреварот запалил пиротехничко средство во салата.

​Исто така, против организаторот на натпреварот ќе биде поднесена пријава, согласно Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.