Тошковски и Агелер разговараа за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска се сретна со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. На средбата се разговараше за блиската соработка меѓу двете земји, со цел зајакнување на институциите и модернизација на системот за поефикасно справување со криминалот и корупцијата.

​Тошковски истакна дека партнерството со САД е клучна поддршка за реформите во Министерството за внатрешни работи, со цел да се создаде попрофесионална и поефикасна полиција.

​„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните“, наведе министерот.