Рената Костовска поднесе оставка од сите партиски функции во ЛДП

Рената Костовска јавно објави дека поднесува оставка од сите функции во Либерално-демократската партија (ЛДП). Во објавата, таа информира дека се повлекува од функциите потпретседателка на ЛДП Центар и членка на Централниот одбор во Форумот на жени на ЛДП.

​Како причина за оставката, Костовска наведува лични и професионални причини, истакнувајќи дека сака да ослободи простор за „нови енергии и идеи“ во понатамошната работа на партијата.

​Костовска додава дека и покрај оставката, ќе остане посветена на вредностите и принципите на ЛДП и ќе ја продолжи својата кауза на свој начин.