Времен режим на сообраќај на автопатот Гостивар – Тетово

Од 3 септември, во наредните две недели, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно, од патарината Тетово до патарината Гостивар, ќе се одвиваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе биде под времен режим.

​Според извештајот на АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Поради летните одмори, интензитетот на сообраќај е зголемен, но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

​АМСМ препорачува прилагодена брзина и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што е можна појава на одрони. Ова особено важи за делниците:

  • ​Катланово – Велес
  • ​Маврово – Дебар – Струга
  • ​Виница – Берово
  • ​Кочани – Делчево