Одложена седницата на Комисијата за надзор на АНБ поради наводно прислушување

Седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР), закажана за денеска, е одложена без никакво образложение од собраниските служби.

​Седницата требаше да се одржи во 11 часот и да се осврне на актуелните сомнежи за незаконско прислушување што наводно се случувало од 2019 до 2024 година. Со седницата требаше да претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

​Одложувањето доаѓа по јавниот повик на пратеникот Љупчо Пренџов до претседателот на Комисијата, Скендер Реџепи, да закаже итна седница. Меѓутоа, Реџепи изјави дека нема да свика состанок додека е „дискриминиран“.

​Целта на седницата беше да се изврши увид во состојбите во АНБ и темелно да се испитаат сите околности поврзани со овие настани, со цел да се врати довербата во институциите и да се заштити демократијата во државата, како што истакна Пренџов.