Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против 24-годишен маж под сомнение дека извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, со кое е во роднинска врска. Делото е казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Според Обвинителството, осомничениот ги извршил дејствијата во неговиот дом во Волково. Тој ја искористил блиската роднинска врска и фактот што живееле во ист двор, но во одвоени куќи. По чинот, ѝ се заканувал на жртвата да не го кажува настанот, велејќи ѝ дека нејзиниот татко ќе ја кара и тепа.
Јавниот обвинител побарал притвор за осомничениот, наведувајќи ја можноста за остварување контакт со жртвата и потребата за нејзина заштита. Судот ја прифатил аргументацијата и му одредил притвор од 30 дена.