​Рама: Туристите се зголемуваат, но приоритет е квалитетот, не квантитетот

Во првите осум месеци од годинава, Албанија ја посетиле 8,96 милиони туристи, што е значителен пораст во споредба со претходните години. Бројката е за 440 илјади повисока од истиот период лани и за 1,77 милиони повеќе од претходната година.

​Настанот „Албанија 2030“, премиерот Еди Рама изјави дека иако е задоволен од континуираниот раст, сегашниот приоритет на земјата веќе не е зголемување на бројот на туристи, туку подигнување на квалитетот на услугите и привлекување посетители кои трошат повеќе.

​Раст од Франција и Германија, дезинформации за косовските туристи

​Рама истакна дека се забележува голем раст на бројот на туристи од Франција, Германија, Кина, Индија и Австралија. Тој ги нарече „зли дезинформации“ вестите дека бројот на туристи од Косово се намалил за 140 илјади. Напротив, тој наведе дека има зголемување на бројот на косовски туристи, иако тоа зголемување не е големо бидејќи речиси сите Албанци од Косово веќе ја посетиле Албанија.

​Премиерот, исто така, ги критикуваше сопствениците на сместувачките капацитети и трговците за наглото зголемување на цените ова лето, што има негативно влијание врз должината на престојот на туристите.

​Минатата година, Албанија забележа рекордна посетеност од 11,7 милиони туристи, а до 2030 година се очекува таа бројка да достигне над 20 милиони.