​Времето денеска: Сончево и топло со температури до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

​Утринската температура ќе се движи од 7 до 18 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 28 до 36 степени.

​Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево и топло. Минималната температура ќе биде околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, со повремени засилувања во делови од котлината.