Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, вчера ја свика 23. седница на Централното претседателство на партијата, каде што беа усвоени три нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори.
Кандидатурите едногласно беа прифатени за следниве општини:
- Фламур Ѓолека за општина Долнени
- Али Јаоски за општина Пласница
- Исамедин Азизи за општина Бутел
На седницата се дискутирало и за актуелните политички случувања, мобилизацијата на Националната алијанса за интеграција и претстојниот референдум закажан за 19 октомври.
„На 19 октомври народот ќе го врати достоинството и ќе ја потврди својата историска улога. Убеден сум дека ќе извојуваме плебисцитарна победа која ќе биде наша заедничка гордост“, изјави Ахмети по состанокот.
ДУИ најавува дека е во завршна фаза на селекција на сите кандидатури со кои ќе настапи на локалните избори, нагласувајќи дека ова е „битка за достоинството и иднината“.