​Познати 16 учесници на Светското првенство 2026

Светското првенство во фудбал во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, ќе биде првото на кое ќе учествуваат 48 репрезентации. Со завршувањето на квалификациите во одредени континенти, веќе се познати 16 учесници.

​Уругвај, Колумбија и Парагвај се последните три репрезентации кои обезбедија место на Мундијалот, придружувајќи им се на веќе квалификуваните тимови.

​Вкупно 16 репрезентации веќе го потврдија своето учество:

  • ​Домаќини (3): САД, Канада и Мексико.
  • ​Азија (6): Австралија, Иран, Јапонија, Јордан (дебитант), Јужна Кореја и Узбекистан (дебитант).
  • ​Јужна Америка (6): Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај и Уругвај.
  • ​Океанија (1): Нов Зеланд.

​Во Европа, каде што се доделуваат 16 места, квалификациите се уште траат. Директен пласман ќе обезбедат 12-те победници на групите, додека останатите места ќе се пополнат преку бараж.

​Во Африка се борат за девет места, плус едно во плејофот, додека во КОНКАКАФ има уште три слободни места покрај оние на домаќините. Азија, пак, веќе има шест квалификувани тимови, но има уште две места плус едно во плејофот.