​Мицкоски на состанок за реформската агенда и европските интеграции

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека денеска одржал состанок со претставници од повеќе ресорни институции на тема реформската агенда за придвижување на европските интеграции.

​Во својата објава, Мицкоски истакна дека во изминатите месеци, Владата се фокусирала на стабилизирање на економијата и спроведување реформи во сите области, но дека реформската агенда за ЕУ-интеграциите не смее да биде игнорирана.

​„Важно е за нас да ги исполниме Копенхашките критериуми, иако свесни сме дека досегашните препреки најчесто не се поврзани со исполнување на овие услови“, напиша премиерот. Тој додаде дека напредокот на стандардот и обезбедувањето иднина за граѓаните се најважни за државата.